• среда, 25 декември 2024

Заев: Безрезервна поддршка од Луксембург за европската иднина на Северна Македонија

Заев: Безрезервна поддршка од Луксембург за европската иднина на Северна Македонија
Скопје, 15 март 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев доби безрезервна поддршка од шефот на дипломатијата на Луксембург за европската перспектива на Северна Македонија. -Благодарност за топлата средба и пречекот од нашиот домаќин тука во Луксембург, министерот за надворешни работи, Аселборн. Ми беше задоволство што се видовме и со драгиот пријател Флекенштајн, со кого имавме инспирирачки разговори за европската иднина на Северна Македонија. Жан, Кнут, ви благодарам за пријателството и безрезервната поддршка за Северна Македонија, напиша во објава на Фејсбук премиерот Заев ја предводи владината делегација која од денеска е во посета на Луксембург.. Заев, придружуван од министерот за финансии Фатмир Бесими, претходно  имаше работен состанок во Европската инвестициска банка во Луксембург на кој е договорено продолжување и унапредуваме на соработката преку конкретни проекти. -Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Република Северна Македонија со поддршка на проектите за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата со КОВИД-19 со посебен фокус на малите и средни претпријатија, како и за проекти од Зелената агенда за инвестиции во обновлива енергија, енергетска ефикасност и дигитализацијата како дел од програмата што произлегува од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан, е заедничкиот заклучок од средбата на премиерот Заев и министерот за финансии Бесими со претседателот на ЕИБ Вернер Хојер и со потпретседателката на банката Лилјана Павлова. Заев и владината делегација се во дводневна посета на Луксмебруг, а предвидена е средба и со премиерот Ксавиер Бетел. вг/лв/   .

Остани поврзан