• четврток, 26 декември 2024

Заев: Направивме сериозен исчекор во разговорите за државјанствата со Алијанса и Алтернатива

Заев: Направивме сериозен исчекор во разговорите за државјанствата со Алијанса и Алтернатива
Скопје, 12 април 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев по средбата во Собранието со лидерите на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, изјави дека имале успешен напредок и сериозен исчекор во разговорите, истакнувајќи дека до крајот на неделава на основа на анализата која експертите ќе ја направат, ќе може да се финишираме со законското решение за државјанствата. -Разговаравме за сите отворени прашања кои беа во предлог-законското решение од Алијанса за Албанците и Алтернатива, и се изнајдени механизмите за изнаоѓање решение, не би зборувал за деталите, сега треба експертите да ги стават на хартија и да ги анализираат, за да го процесиураме и законското решение, рече Заев. Истакна дека во тој дел, Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ги информираат и ВМРО-ДПМНЕ и Левица, бидејќи и тие две партии поднеле амандмани за ова законско решение. -Се видоа детално бројките колку граѓани кои немаат државјанство, или кои не стекнале државјанство со брак, поради враќање во земјата ги бараат државјанствата и врз основа на тоа ги отворивме сите важни прашања, заокруживме доминатни европски пракси. Годините за стекнување на државјанство кај нас е престој од осум години, имаме европски земји каде што имаме пет, седум, десет години. Ќе се извади еден просек, и согласно Европската Унија ќе се формира една бројка, рече Заев. Заев, во одговор на новинарско прашање, посочи приближно во бројки за колку барања станува збор, односно колку граѓани бараат државјанство. -Околу 2727 барања, од отприлика 3.200 граѓани, од кои 1500 кои не живеат тука. Имаме 800 граѓани т.н. фантоми, граѓани кои се родиле овде и никогаш не добиле државјанство. Дури некои имаат извод од матична книга на роден, но зеле државјанство, вели Заев.  За делот што се однесува на добивање државјанства по сите други основи, додаде премиерот, а тоа е поради економски причини, спортски, причини од национален интерес, со стапување во брак на граѓани што живеат овде, сите тие се преку 1500 од бројката од 2700 барања, и се граѓани кои се надвор од државата, а го имаат правото да бидат граѓани на Северна Македонија. -Изнајдени се сите овие детали на решението, и на крајот не станува збор кој ќе поднесе, или кој ќе поддржи. Важно е да застанеме сите и да се одблокираат законите. И да се работи за еден граѓанин, треба ним да им се излезе во пресрет, рече Заев. Оцени дека ставот што денеска на состанокот имале видлив исчекор, значи и одблокирање на законите, пред се од петтиот пакет мерки и изрази очекување дека тоа ќе се случи во наредните денови. нд/фф/

Остани поврзан