• недела, 24 ноември 2024

Задолжувањето од 530 милиони евра од ММФ на седница на Собранието

Задолжувањето од 530 милиони евра од ММФ на седница на Собранието
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 92. седница. На предложениот дневен ред се две точки. Пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд со Кредитна линија за претпазливост и ликвидност и Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, двата по скратена постапка. Со кредитната линија за претпазливост и ликвидност од ММФ за поддршка на државниот Буџет треба да се обезбедат 530 милиони евра. Целта на кредитната линија е да обезбеди ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики. За Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, пак, се планирани 24,9 милиони евра, од кои заем од Светска банка во износ од 20 милиони евра и 4,9 милиони евра грант од ЕУ кој ќе се администрира преку СБ. Проектот ќе се имплементира преку Единица за управување со проектот, која ќе биде формирана во Министерството за финансии.ев/лв/  

Остани поврзан