• петок, 27 декември 2024

Задолжителна вакцинација за Специјалната единица за справување со катастрофи од грчката противпожарна служба

Задолжителна вакцинација за Специјалната единица за справување со катастрофи од грчката противпожарна служба
 Атина, 19 мај 2021 (МИА) – Со одлука на началникот на Противпожарната служба на Грција, вакцинацијата е задолжителна за припадниците на Специјалната единица за справување со катастрофи, што воедно ова е првата државна служба во земјата што воведува задолжителна вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за специјална единица која интервенира во итни случаи, како што се спасување на лица од поплави, катастрофални пожари, земјотреси, но и сообраќајни несреќи. Кога Грција нуди помош на други земји за справување со вакви случаи, припадниците на Специјалните единици за справување со катастрофи од противпожарната служба, се тие кои веднаш заминуваат на терен. Според документот објавен од грчките медиуми, началникот ги објаснува причините за одлуката и додава дека во  единицата ќе останат само оние што се вакцинирани. Паралелно, им се дава временски рок до 11 јуни, оние кои не се вакцинирани да се пријават, бидејќи во спротивно, невакцинираните ќе бидат префрлени во друга служба и ќе бидат заменети со вакцинирани пожарникари. Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони говорејќи за телевизијата „Скај“, утрово објасни дека одлуката била донесена од оперативни причини, поради тоа што станува збор за единица со високо ниво на готовност и припадниците треба да бидат достапни во секое време за евентуална интервенција. ср/сд/

Остани поврзан