• петок, 27 декември 2024

Задолжителен документ за Ковид-19 за влез во судовите во Грција

Задолжителен документ за Ковид-19 за влез во судовите во Грција
Атина, 16 септември 2021 (МИА) – Сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или резултат од негативен тест, од денеска се задолжителни за влез во судовите во Грција, како за службениците и адвокатите, така и за граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за правда на Грција соопштуваат дека со почетокот од новата судска година, сите судови ќе работат регуларно, а за безбеден пристап неопходен е документ за Ковид-19. Исклучоци има за одредени итни случаи, кога наместо рапид или ПЦР тест, може да се покаже негативен резултат од селф тест. Прописите важат за лица со наполнети 12 години, додека пак децата од четири до 11 години, може да влезат со потврда од негативен селф тест. При влезот во судовите или службите, ќе се врши проверка на сертификатите, во печатена или електронска форма.ср/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан