• петок, 27 декември 2024

Загриженоста на граѓаните со состојбата со Калиманско езеро, според каменичките еколози е оправдана

Загриженоста на граѓаните со состојбата со Калиманско езеро, според каменичките еколози е оправдана
Македонска Каменица, 6 јануари 2021 (МИА) - Еколошкото друштво „Здравец 2002" од Македонска Каменица излезе со свој став по видео објавите на граѓани од преполното со шишиња и отпад Калиманско езеро. Од друштвото велат дека и без поплавите кои го зафатија регионот минатиот декември, секоја година Калиманско Езеро се полни со пластични шишиња од 8.000 до 10.000 парчиња, кои доаѓаат од реките Брегалница и Каменичка Река. - Поради ова Еколошкото друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица во минатите години  организираше акција за чистење на Калиманското Езеро од пластични шишиња со договор на институциите и консцесионерот, соберените пластични шишиња од Калиманското Езеро беа  во пластични кеси и џамбо вреќи и транспортирани до Кочани, истакнаа од еколошкото здружение. Спорен нив, реакцијата на граѓаните и невладините организации за повторното енормно загадување на Калиманското Езеро од пластични шишиња е оправдана. - Наш став е дека активности за чистење и остранување треба да преземат и  институциите, а надлежните органи за заштита на животната средина да излезат и да ја констатираат состојбата на терен, по што би се преземале одредени активности, додадоа од ,„Здравец 2002". Калиманско езеро иако во моментот е со зголемено ниво поради добрата хидролошка состојба, според експертите е пред еколошка катастрофа, најмногу поради пластичниот отпад кој му се заканува на животинскиот свет во ова езеро. вс/цр

Остани поврзан