• среда, 25 декември 2024

Загинаа петмина турски војници во артилериски оган на сириските сили во Идлиб

Загинаа петмина турски војници во артилериски оган на сириските сили во Идлиб
Анкара, 10 февруари 2020 (МИА) - Петмина турски војници загинаа, а петмина се повредени при интензивни артилериски гаѓања на силите на режимот во Идлиб, соопшти Министерството за национална одбрана на Турција. Според соопштението, „силите на режимот извршиле интензивни артилериски гаѓања врз турските воени елементи, кои во регионот се наоѓаат заради спречување на судирите, обезбедување на граничната безбедност и за спречување на миграцијата и хуманитарната драма“. „Како резултат на интензивните артилериски гаѓања, смртно настрадаа пет наши храбри војници, додека пет се повредени“, се вели во соопштението, во кое се додава дека соодветно е одговорено на гаѓањата и дека биле уништени целите. Како што пренесува агенцијата Анадолија, од блиску се следат настаните и се преземаат потребните мерки. паг/

Остани поврзан