• вторник, 17 декември 2024

Загадувањето на Струмица ќе го разледува и Локалниот совет за превенција

Загадувањето на Струмица ќе го разледува и Локалниот совет за превенција

Струмица, 26 декември 2023 (МИА) - Загадувањето на воздухот во Струмица, кое повеќе пати во изминатиот период бележи надминување на дозволениот праг на што укажуваше и Министерството за животна средина и просторно планирање и наложуваше преземање на препораки и мерки, утре ќе се разгледува на седница на Локалниот совет за превенција.

Во јавно објавената покана на фејсбук страницата на Општината, покрај оваа точка ќе се дискутира и за проектот на локалната самоуправа со УНДП „Справување со загадувањето на воздухот“.

Според градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, се преземаат повеќе мерки за намалување на загадувањето, а неколку фактори придонесуваат за загадувањето како што се домаќинствата, квалитетот на огревното дрво, индустријата и автомобилите.

-Првото решение според нас е имплентацијата на јавниот електричен превоз, кој е радикален чекор и е огромен финансиски проект што ќе служи за подобра комуникација на граѓаните со населените места. Вториот радикален чекор е максимализирање на зелените површини со зголемување на истите од 40 на 84 хектари, вели Костадинов.

Според него, проблем е немањето доволно инспектори за животна средина, бидејќи Општината има само еден, кој постајано постапувал според неговите надлежности.

-Токму загадувањето е договорено да се стави како алрмантна точка за разгледување на Локалниот совет за превенција при што е потребно да се преземат итни мерки. Секако, тука е проектот со УНДП со кој добиваме грант од 10 милиони денари, а Општината кофинансира со уште 10 милиони, што значи вкупно 20 милиони денари за справување со загадувањето, подготвување на Акциски план, мерки и конкретни решенија. Тука е и користењето на гасот за кој со одлука на Советот даваме субвенции од 10 денари за секој потрошен метар кубен. Но, гледаме дека тоа не е доволно и не е доволна мотивација за граѓаните да го користат гасот, смета струмичкиот градоначалник.

Додава дека е потребна заедничка и координирана акција на сите институции, бидејќи Општината нема целосно ингеренции за решавање на овој проблем. Според него, важно е и други државни институции и јавни претпријатија да се вклучат во решавање на загадувањето на воздухот во Струмица. рт/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан