• сабота, 23 ноември 2024

Загадениот воздух ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран

Загадениот воздух ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран

Техеран, 2 јануари 2023 (МИА) – Иранскиот Комитет за итни случаи за загадување на воздухот денеска одлучи да ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран во следните два дена поради невообичаено високото ниво на загаденост.

Наставата ќе се одвива онлајн, јави државната новинска агенција ИРНА.

Квалитетот на воздухот во Техеран се смета за „нездрав“ за сите групи.

Секој кој е чувствителен на загадување или е од високоризична група треба да работи од далечина, соопшти Комитетот. Во оваа група се вклучени и бремени жени, мајки, сите вработени над 50 години и вработени со срцеви, белодробни и респираторни заболувања.

Жителите на Техеран се повикани да избегнуваат излегување надвор освен ако тоа не е неопходно и да носат маски Н-95 доколку е потребно.

Иранската Метеоролошка служба објави црвен аларм за огромно загадување на воздухот во главниот град Техеран и градовите Карај за вторник и среда. јт/

Остани поврзан