• сабота, 23 ноември 2024

Загадена водата за пиење во Струга

Загадена водата за пиење во Струга
Струга, 8 јануари 2021 (МИА) – Водата во Струга е загадена и да не се употребува за пиење, апелира јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Според соопштението, причина за загаденоста се обилните врнежи од дожд што изминатите денови го зафатија Струшкиот регион. - Поради обилните врнежи од дожд, приливот кон изворите е зголемен, и како резултат на тоа, водата е загадена и да не се употреби за пиење денеска и утре, соопштија од претпријатието. После секој дожд од чешмите на стружани тече заматена вода. Проблемот се провлекува години наназад, за што надлежните се уште немаат решение. Но, заматената вода, не е единствен проблем. Во градот што се протега на две води, жителите често немаат вода за пиење во своите домови, а револтот пред неполн месец го изразија преку мирен протест пред просториите на ЈП „Водовод и канализација“. сс/свс/

Остани поврзан