• среда, 25 декември 2024

Завршува „Текстилијда 8“ во Штип

Завршува „Текстилијда 8“ во Штип

Штип, 5 октомври 2024 (МИА) - На „Текстилијда 8“ денеска заврши и последната дебата со институциите, синдикатите, граѓанските организации и работниците на тема работнички права. Претседателката на „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева вели дека  на „Текстилијадата“ претставници на институции, експерти, општините сите на едно место, биле со иста цел да се подобрат правата на работниците, пред се во текстилната индустрија.

Таа додаде дека крајно време е да се стави крај на лон производството во текстилната индустрија, да се учи од развиените текстилни градови и да се земаат позитивни примери, кога се во прашање работниците и нивните права.

-Реинкарнација на тектилната индустрија, 95 % лон, мислам дека е време да престанеме да шиеме. Да ги зближиме експертите, општините коишто можат да помогнат на нашата општина. Денеска барем за мене е најважниот ден, бидејќи ги имаме институциите кои се клучни во спорведување на Закон за работни односи, колективни договори и оние проблеми кои се со исплата под минимална плата, неиплатена прекувремена работа и слично, вели Ампева.

„Текстилијада 8“ завршува вечерва во 19 часот, во Дом на млади, со изложба на стрипот „Супер работничка“, чиј автор е Никола Костовски. вдј/дма/

 Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан