• сабота, 27 јули 2024

Завршува реконструкцијата на велешката главна улица „Алексо Демниевски Бауман“ 

Завршува реконструкцијата на велешката главна улица „Алексо Демниевски Бауман“ 

Велес, 22 јули 2024(МИА) - Градежни машини со поддршка од многу камиони и работни екипи вчера попладне вршеа подготовки, а потоа и асфалтирање на една од главните велешки улици „Алексо Демниевски Бауман“, на потегот од главната Пошта до семафорите.

Како што информира Општина Велес, реконструкцијата ќе заврши вечер со цел избегнување сообраќаен метеж и високи температури.

Од Општината најавија дека наредните денови на улицата  ќе бидат поставени средства за смирување на сообраќајот.

Улицата се реконструира со средства од општинскиот буџет. ад/мд/


Фото: Општина Велес

Остани поврзан