• недела, 24 ноември 2024

Завршува НАТО конференцијата за комуникатори

Завршува НАТО конференцијата за комуникатори
Скопје, 8 септември 2022 (МИА) - НАТО конференцијата за комуникатори чиј домаќин годинава е Северна Македонија денеска ќе биде затворена со обраќање на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал - потполковник Васко Ѓурчиновски. На конференцијата која беше отворена вчера во Националната филхармонија, премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска порачаа дека комуникациите и информациската сфера не биле никогаш поважни за безбедноста и стабилноста, како и дека транспарентноста е најдоброто оружје во борбата против лажните вести. НАТО конференцијата за комуникатори е најголемата годишна конференција за комуникатори во Алијансата. Годинава, домаќин на Конференцијата е Северна Македонија, а на истата учествуваат околу 300 лица. Во рамки на конференцијата се организирани неколку панели посветени на стратегиските комуникации. - Стратегиските комуникации и оваа годишна конференција на комуникатори се високо на агендата и на НАТО Алијансата и на Министерството за одбрана, водени од истите вредности – демократијата, отвореноста и транспарентноста, медиумските слободи и доброто владеење, велат од Министерството за одбрана. мс/са/

Остани поврзан