• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Завршува грејната сезона, стартува преоден период до 30 април

Завршува грејната сезона,  стартува преоден период до 30 април

Скопје, 15 април 2025 (МИА)  - Грејната сезона завршува денеска, но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека на дневно ниво се следат температурите и доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија. 

Од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) информираа дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона завршува денеска (15 април 2025 година) и стартува т.н. преоден период кој трае до 30 април.

-Од утре па се до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени Целзиусови,  велат од Регулаторната комисија за енергетика. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан