• четврток, 19 декември 2024

Завршни зимски артилериски маневри на руската Црноморска флота

Завршни зимски артилериски маневри на руската Црноморска флота
Севастопол, 14 април 2021 (МИА) – Командата на руската Црноморска флота денеска соопшти дека воени бродови се испратени на изведување на завршните зимски маневри и артилериско гаѓање како дел од проверката на борбената готовност. „Морнаричката група на Црноморската флота, во која спаѓаат борбената фрегата„ Адмирал Марков “, ракетните бродови„ Граиворон “и„ Вишњи Волочјок “, ракетниот оверкрафт „ Самун “, миноловецот „ Иван Голубец “и голем број амфибиски десантни бродови, ја напуштија поморската база и тргнаа на извршување маневри за совлдување на подводното минско поле “, се наведува во соопштението на Командата. Како што е прецизирано, руските воени бродови ќе изведуваат индивидуални и групни артилериски операции на воздушни и морски цели со учество на авионски и хеликоптерски формации на Воздухопловните сили и Противвоздушната одбрана на Црноморската флота. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан