• понеделник, 02 септември 2024

Завршницата на Дејвис купот 2021 година може да се одржи во три града

Завршницата на Дејвис купот 2021 година може да се одржи во три града
Лондон, 18 јануари 2021 (МИА) - Прес-службата на Дејвис купот објави дека организацијата ја разгледува опцијата финалето на турнирот да се одржи во три града. Во моментот, утврдени се датумите на турнирот - од 25 ноември до 5 декември, доколку нешто не се смени поради ограничувањата поради коронавирусот. Од оваа година се разгледува можноста за одржување на турнирот во три града. Мадрид ќе биде домаќин на две групи, две четвртфиналиња, полуфиналиња и финале, додека уште два града ќе бидат домаќини на две групи и едно четвртфинале. зс/

Остани поврзан