• недела, 17 ноември 2024

Завршна фаза од проектот „Локална самоуправа за градови и заедници по мерка на децата“ се одржа во Виница

Завршна фаза од проектот „Локална самоуправа за градови и заедници по мерка на децата“ се одржа во Виница

Виница, 15 октомври 2024 (МИА) – Во рамки на проектот „Локална самоуправа за градови и заедници по мерка на децата“ во кој е вклучена Општина Виница, денеска се одржа втората проектна фаза, односно консултациски средби со учениците и сесии за поддршка на Локалната самоуправа.

Виница е една од петте таргет општини во државата во коишто се имплементира проектот, а чија цел е да се земат предвид потребите и барањата на најмладите за тоа како локалната заедница да стане подобро место за нивно живеење, раст и развој во успешни возрасни личности.

-Денеска имаме директни консултации со децата за да ги слушнеме нивните мислења, барања и потреби на локално ниво. Врз основа на тоа што ќе го споделат учениците од сите училишта од општина Виница ќе подготвиме стратешки акциски план за да може понатаму Локалната самоуправа да ги имплементира и да гради стратегии што би биле поблиски за децата. Прибраните резултати ги презентираме на панели пред претставниците од Општината коишто понатака овие предлози и барања ќе ги стават на хартија, односно во конкретен стратешки акциски план наменет за потребите на младите, истакна Кристина Василевска, директорка на Центарот за семејно детско згрижување од Скопје.

Во проектот во Виница беа опфатени над 200 деца од претшколска возраст, како и учениците од сите основни и од средното училиште во општината.

Спроведувањето на активностите е дел од проектот „Место за растење: Општини посветени на децата” што е финансиски е поддржан од ЕУ, а партнери се Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Центарот за семејно детско згрижување од Скопје. Покрај Виница, вклучени се општините Кисела Вода, Велес, Гостивар и Дебар. та/дма/

фото: МИА

Остани поврзан