• недела, 24 ноември 2024

Завршна фаза на проектот на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Завршна фаза на проектот на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација  ја претставува завршната фаза на проектот Рома Јут Бринг Чејнџ (Roma Youth Bring Change), соработка помеѓу Аутономиа Алапитвани (Autonómia Alapítvány) од Унгарија, Ерго Нетворк (ERGO Network) од Белгија и РРома (RROMA) од Северна Македонија. Пошироката јавност била информирана за антициганизмот преку информативни сесии во училиштата, флеш моб и видео кампања скроени од вештите раце на младите.

- Возбудени сме што ги презентираме револуционерните методологии и студии на случај развиени за време на нашите проектни активности, потенцираат од РРома.

Тие појаснуваат дека  комбинирајќи ги интерактивните алатки на гејмификацијата и граѓански кампањи, нивниот  пристап бил двостран.

- Детективските игри, предводени од обучени млади фасилитатори, кои навлегоа во историското потекло на предрасудите и дискриминацијата кон ромската заедница. Младите детективи низ различни локации во нивните градови Кратово, Скопје, Берово и Прилеп следеа сокриени траги, бараа мистериозни предмети и дешифрираа загатки за да ги откријат изгубените декрети на Марија Терезија, расветлувајќи ги вековните неправди врз Ромите и нивните современи импликации,појаснуваат од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација.

Додаваат дека во меѓувреме, сесиите на нивната  кампања поттикнале разговори и кои рушеле стереотипите преку интерактивни искуства..

-Горди сме што ги споделуваме нашите методологии и студии, сега достапни на македонски и англиски јазик, нудејќи вредни сознанија и ресурси за едукаторите, активистите и креатори на политики. Заедно, можеме да се бориме против антициганизмот и да изградиме поинклузивно општество,потенцираат од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација. ад/цр/

Фото: Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Остани поврзан