• петок, 27 декември 2024

Завршна конференција на Регионалниот проект „Регионална мрежа за културна разновидност“

Завршна конференција на Регионалниот проект „Регионална мрежа за културна разновидност“

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи завршна конференција на 4-годишниот Регионален проект „Регионална мрежа за културна разновидност“ - (РЕАД), финансиран од ЕУ во областа на културата.

Како што најавија од Гете-институт, Проект РЕАД, во првиот дел од конференцијата треба да се обратат амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, амбасадорката на СР Германија, Петра Дрекслер, раководителката на Гете-институт Скопје - Катрин Оствалд – Рихтер и проектниот менаџер на проектот РЕАД - Марија Чорбева – Пеновска. цр/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан