• четврток, 26 декември 2024

Завршна конференција на пректот „Пристап до правда за најмаргинализираните“

Завршна конференција на пректот „Пристап до правда за најмаргинализираните“

Скопје, 27 јуни 2023 (МИА) - Фондацијата Отворено општество - Македонија заедно со партнерските организации Станица ПЕТ и ХОПС денеска организира завршна конференција на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните”.

На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите и наодите од имплементацијата на проектот, како и наодите од истражувањето на правните потреби на граѓаните и Националниот план за правно зајакнување.

Најавени се обраќања на министерот за правда Кренар Лога, на програмскиот офицер при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Константин Јовановски и извршниот директор на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Љиљана Ристевска. мч/дма/

Остани поврзан