• недела, 24 ноември 2024

Завршна конференција за проектот за промовирање транспарентност и одговорност во јавната администрација

Завршна конференција за проектот за промовирање транспарентност и одговорност во јавната администрација
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи завршната конференција во рамки на проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација во Северна Македонија“, финансиран од Европската унија. Според агендата, на конференцијата воведни обраќања ќе имаат раководителот на операции во Делегацијата на Европската Унија, Мари-Мадлин Канелопулу, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, директорката на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева и директорот на проектот на PwC, Драган Давитков. На форумот ќе бидат презентирани резултатите од проектот, а ќе се одржи и панел дискусија на тема „Интегритет на јавната администрација“. вг/сп/

Остани поврзан