• четврток, 26 декември 2024

Заврши јавниот повик на Град Скопје за субвенции за тротинети, продолжува повикот за велосипеди

Заврши јавниот повик на Град Скопје за субвенции за тротинети, продолжува повикот за велосипеди
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Јавниот повик за субвенции на електрични тротинети што го распиша Град Скопје заврши, а аплицирањето за субвенции за набавка на велосипеди се уште е во тек. За електричните тротинети, средствата што Градот Скопје ги субвенционира се во износ од 30 проценти од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од осум илјади денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Средствата што Градот Скопје ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50 проценти од вредноста на велосипед, но не повеќе од четири илјади денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Како што денеска соопшти Град Скопје, на минатата седница на Советот е донесена и одлука за субвенционирање на млади лица за набавка на електрични тротинети и велосипеди. Со одлуките за првпат се предвидуваат субвенции за млади лица на возраст до 29 години, кои се жители на Град Скопје. сх/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан