• четврток, 19 декември 2024

Заврши фестивалот „Македонско културно лето 2023"

Заврши фестивалот „Македонско културно лето 2023

Пустец, 31 јули 2023 (МИА) - Со концерт на Трио Џентлмен синоќа во Пустец, Мала Преспа,  Албанија, заврши 16.то издание на фестивалот „Македонско културно лето 2023". 

- Оваа година поради недоволно финансии до последен момент беше неизвесно дали воопшто ќе се одржи фестивалот, но благодарение на градоначалникот на Општина Пустец Пали Колевски, македонското Министерство за култура, Обединета Македонска Дијаспора, Кромберг и Шуберт, и Општина Велес, и покрај сета неизвесност имаме успешно фестивалско издание, вели актерот Едмонд Сотир.

Фестивалските настани се одржаа во Пустец и Корча, а публиката уживаше во настапот на ансамбл Преспа, во претставите „ЈЗУ Европа" и „Лидија или се што знам за жените", во извонредниот „Поетски Слем Македонија" и прекрасниот концерт на „Трио Џентлмен".

 Македонско културно лето, како главен и единствен културен двигател и промотор на македонската култура во Албанија, е во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце" и актерот Едмонд Сотир. вт/дма/


Фото: Здружение „Сонце"

Остани поврзан