• среда, 25 декември 2024

Заврши уредувањето на ,,Собата на Димитар Узунски за културното наследство на Пијанец“

Заврши уредувањето на ,,Собата на Димитар Узунски за културното наследство на Пијанец“
Делчево, 18 септември 2022 (МИА) - Заврши уредувањето на „Собата на Димитар Узунски за културното наследство на Пијанец". Собата е уредена во неговата родна куќа во делчевското село Тработивише, а во неа се поместени неговите лични документи, фотографии, најзначајни дипломи, благодарници, признанија, награди. Промоцијата, како што информираа од здружението Фолклорна група ,,Копачка", ќе се одржи следниот четврток во родната куќа на Узунски во село Тработивиште. - Таму се сместени и неговите ракописи од собирачката фолклорна дејност, собрани во неговите тетратки, а секако овде се и неговите инструменти, носијата, машината за чукање и друго, додадоа од „Копачка“. За самото здружение ова е значаен настан, со кој се потврдува решителниот од, по патот кој за здружението го трасираше Димитар Узунски, кој и покрај другите негови животни дострели, е најзаслужен е за впишувањето на орото „Копачката“ во УНЕСКО, во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото. вс/цр

Остани поврзан