Заврши средбата Лавров - Кулеба, не е постигнат напредок
- Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба истакна дека за време на 90-минутната средба во Анталија со рускиот колега Сергеј Лавров разговарал за 24-часовен прекин на огнот, но не е пости
Анкара, 10 март 2022 (МИА) – Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба истакна дека за време на 90-минутната средба во Анталија со рускиот колега Сергеј Лавров разговарал за 24-часовен прекин на огнот, но не е постигнат напредок.
- Разговаравме и за прекинот на огнот, но не беше постигнат напредок за тоа, истакна Кулеба.
Тој го оквалификува состанокот како „тежок“ и упати обвинувања до својот колега дека внесува „традиционални наративи“ во разговорите.
Тоа беше првата средба на Кулеба и Лавров откако Русија изврши инвазија врз Украина.
Кулеба по средбата со Лавров наведе дека Украина „нема да се предаде“.
- Сакам да повторам дека Украина не се предаде и нема да се предаде, посочи Кулеба. ми/