• четврток, 26 декември 2024

Заврши спасувачката акција во урнатините во Бејрут

Заврши спасувачката акција во урнатините во Бејрут
Бејрут, 6 септември 2020 (МИА) - Спасувачките екипи кои ги пребаруваа урнатините во Бејрут по силната експлозија од минатиот месец, тврдат дека нема повеќе знаци на живот и дека никој повеќе не може да биде спасен. Уред со сензори открил можни знаци на живот во четвртокот, но спасувачите не го пронашле изворот откако отстраниле 95 отсто од урнатините, пишува Би-Би-Си. Околу 50 волонтери, вклучително и тим од Чиле, работеа на локацијата. Откако уредот открил потенцијални знаци на живот, луѓето се собрале, очекувајќи да се случи чудо и да се најде преживеан. Сигналот доаѓал од длабочина од три метри. Напорите на спасувачките екипи сега ќе бидат насочени кон пронаоѓање на посмртните останки на жртвите. Бејрут беше уништен од експлозија од 2.750 тони амониум нитрат во август. Во експлозијата загинаа околу 190 лица, а околу 6.000 беа повредени. паг/

Остани поврзан