• четврток, 26 декември 2024

Заврши снимањето на дебитантскиот краткометражен игран филм „Нова енергија“ на Сара Климоска

Заврши снимањето на дебитантскиот краткометражен игран филм „Нова енергија“ на Сара Климоска

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Заврши снимањето на краткометражниот филм „Нова Енергија“, кој е во режија и по сценарио на Сара Климоска и корежисер Радован Петровиќ, а во продукција на „NEST Production“ на продуцентот Јорданчо Петковски.

- „Нова Енергија“ ја следи приказната на две најдобри другарки кои низ заемна емотивна и практична поддршка успеваат да создадат нов заеднички живот бегајќи од токсичноста на нивните партнери. Ова е филм кои создава две хероини и преку нив ја слави женската исклучителна и некршлива конекција и нуди свежа перспектива за женските односи која ретко се видени во секојдневните медиуми, велат од „NEST Production“.

Главните улоги во филмот ги играат Сара Климоска и Тамара Ристоска. Освен нив, во „Нова Енергија“ настапуваат и Зоран Љутков, Александар Стоименовски, Мирјана Трпковска Костовска и Елена Сековска.

- Директорката на фотографија, Бојана Андриќ е една од најзначајните личности во Србија во областа на кинематографијата, позната по својата работа на многу успешни филмови како и потпретседателка на светската асоцијација на сниматели ИМАГО. Филмската екипа брои и талентирани автори како Горан Игњатовски (маскер), Михаил Панев (сценограф), Розе Трајчевска (костимограф), соопштуваат од „NEST Production“.

Оттаму истакнуваат дека „Нова Енергија“ е независен филм реализиран благодарение на приватни донации и компании пријатели на филмот. Копродуценти се „Вижн Тим“ – „Vision Team“ и Филмоскопија од Србија, JES Продукција и „Контраст филм“ од Скопје, а главни спонзори се Винарија Тиквеш, „Спорт Лаб“ и „Монозеро“.

По завршувањето на постпродукцијата, филмот „Нова Енергија“ ќе започне со прикажувања на домашни и меѓународни филмски фестивали, а подоцна ќе биде достапен и за пошироката публика. ир/лв/

 

Фото: Скриншот

Остани поврзан