Заврши реконструкцијата на улицата „808“ во општина Гази Баба
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 14 април 2025
Градот Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата 808 во општина Гази Баба, која беше во катастрофална состојба поради повеќе децениското неодржување.
Улицата 808 е една од најфреквентните сообраќајници во овој дел од општина Гази Баба, а по истата се движат и голем број на товарни возила бидејќи се работи за индустриска зона.
Во првата фаза по подготвителните градежни работи, целосно се реконструираше водоводната мрежа и останата хидротехничка опрема, а со цел комплетна обнова на мрежата во овој дел на градот. Воедно се изврши реконструкција на атмосферската канализација, како и замена на нефункционалните сливници со што во иднина се превенираат поплави на овој потег.
На оваа фреквентна сообраќајница на потег од крстосницата со улица 16та Македонска Бригада до крстосницата со булеварот Киро Глигоров, покрај новата водоводна и канализациона мрежа, реконструкцијата опфати обнова на коловозот на површина од 9.200 квадратни метри, а дополнително се изведоа и соодветно пешачка и велосипедска патека од двете страни. Градежните работи на улица 808 ги изведе јавното претпријатие Улици и патишта Скопје.
Одделение за односи со јавност
Град Скопје
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Град Скопје