• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Заврши реконструкцијата на петте мостови на Крива Река во централното подрачје на Крива Паланка

Заврши реконструкцијата на петте мостови на Крива Река во централното подрачје на Крива Паланка

Крива Паланка, 9 април 2025 (МИА) - Завршија градежните работи за реконструкција и модернизација на сите пет градски мостови на Крива Река кои добија нов, урбан лик и го променија изгледот на централното градско подрачје во Крива Паланка.

Инвестицијата за реконструкција на мостовите изнесува 40 000 000 денари од кои: 26 600 000 денари беа обезбедени од Владата во 2024 година, за реконструкција на: Шанин мост, Виолетов мост и Осички мост, а 14.000.000 денари од ТАВ програмата за обнова на Соларски и Градечки мост.

- Влогот во модернизација на Крива Паланка е на петте мостови што секојдневно не поврзуваат, а сега блескаат со нова енергија и стил. Дополнително, ликот на градот го краси и уникатен мурал со мотиви од она што е автентично и традиционално за Крива Паланка, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, и вкусниот, препознатлив кривопаланечки симит, посочуваат од службата за комуникација со јавноста при Општина Крива Паланка.

Реконструкцијата опфати отстранување на постојната и поставување нова ограда, реновирање и ново осветлување.ид/са/

Фото: Општина Крива Паланка 

Остани поврзан