• недела, 24 ноември 2024

Заврши реализацијата на ИПА проектот за активирање на ранливите групи на пазарот на трудот – дури 52,3 отсто од населението не е искористено во пазарот на трудот

Заврши реализацијата на ИПА проектот за активирање на ранливите групи на пазарот на трудот – дури 52,3 отсто од населението не е искористено во пазарот на трудот

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) – Според бројките од Државниот завод за статистика дури 52,3 отсто од нашето население не е искористено на пазарот на трудот, изјави денеска државниот секретар во Министерството за социјална практика, демографија и млади, Фатмир Садриу, на завршниот настан од реализацијата на тригодишниот ИПА проект „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, којшто беше во организација на Агенцијата за вработување.

Како што посочи Садриу, од вкупно евидентираните 103.000 невработени лица во Агенцијата за вработување, дури 35.000 илјади се млади лица од 20 до 29 години.

– Загрозувачки се бројките од Државниот завод за статистика, каде произлегува дека 52,3 отсто од нашето население, не се активни баратели, односно не се искористени во пазарот на трудот. Во 2023 година, од 103.000 невработени лица кои што се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, 35.000 се млади лица од 20 до 29 години. Ние како Министерство во соработка со Агенцијата за вработување и сега Министерството за економија и труд, работиме во изработка на новиот оперативен план, каде што ќе се предвидува особено овие ранливи категории, примателите на гарантирана минимална помош и другите ранливи категории да се вклучат на пазарот на трудот. Имаме моментално некои проекции, некои идеи за нивно вклучување на пазарот на трудот, особено преку вклучување на младите лица членови на овие семејства, во ИТ вештини, во обуки за ИТ вештини, вклучување во пазарот на трудот, особено во некои дефицитарни професии, рече Садриу.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, пак, рече дека Програмата за поддршка за вработување преку обуки, е клучот кон иднината на многу луѓе.

– Во неа беа вклучени пет мерки кои, директно влијаеа на подобрување на вештините и вработливоста на нашите граѓани. Завршените обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, значат дека денес имаме повеќе луѓе подготвени да се вклучат во работната сила и да одговорат на потребите на пазарот. Овие обуки не беа само начин за стекнување на вештини – тие на невработените лица ќе им отворат врати за нови можности и професионален развој. Обуката на работно место ги подготви невработените лица за реални предизвици на работните места, а со обврската на работодавачите да вработат најмалку 50% од обучените лица, осигуруваме дека овие обуки ќе водат кон реални работни позиции. Преку субвенционираното вработување невработените лица добија шанса да влезат на работа со директна финансиска поддршка, рече Дурмиши.

Директорката на средното економско-правно училиште „Васил Антевски – Дрен“, Тања Јовановска, вели програмата која што две години ја користи училиштето, е финансирана од страна на Европската унија и директно ги поддржува ранливите категории на ученици, кои што го немаат дофинализирано своето завршно образование

– Програмата која што е финансирана од страна на Европската унија, во координација со АВМР медиумите, значи директна поддршка на ранливите категории ученици, односно оние кои што го немаат дофинализирано своето завршно образование, а тоа беа учениците кои што се вонредни и кои што беа во текот на трета и четврта година, со статус на вонреден ученик, рече Јовановска.

Програмата, додаде, покажала максимална ефикасност за оние кои што немаат финансиска можност за финализирање на своето образование.

– Оваа програма покажа максимална ефикасност, бидејќи учениците кои што немаа финансиска можност, а тоа беше доплата на поправните испити и финализирање на своето оберазование, значеше финансиска поддршка, но истовремено и мотивација да ги искористат овие можнсоти за да го дофинализираат своето образование и да се покажат како корисници на услугите на АВМР, односно да одат на пазарот на трудот, додаде Јовановска. ра/ев/

 Фото: Министерство за економија и труд / МИА

 

Остани поврзан