• четврток, 26 декември 2024

Заврши проверката на РТС, дојавата за бомба - лажна

Заврши проверката на РТС, дојавата за бомба - лажна

Белград, 21 ноември 2023 (МИА) - Единиците на Министерството за внатрешни работи на Србија завршија со проверка на сите згради на Радио-телевизија Србија и утврдија дека дојавата за бомба е лажна, јави Н1.

Претходно на Н1 од МВР рекоа дека дојавата за бомбата стигнала преку мејл.

Медиумите објавија дека зградата на РТС е евакуирана, а на терен излегле контрадиверзантски екипи. ссм/

Остани поврзан