• петок, 27 декември 2024

Заврши првиот фестивалски ден на градскиот плоштад во Македонска Каменица

Заврши првиот фестивалски ден на градскиот плоштад во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 8 октомври 2022 (МИА) - Со настапите на Петар Грашо, Игор Џамбазов и Гуру Харе, КУД „Вера Јоциќ" и група „Ајдара" од Бугарија заврши првиот фестивалски ден на градскиот плоштад во Македонска Каменица. Концертите се продолжение на Каменичко културно лето, но поради трагичен настан кој се случи во месец август во Македонска Каменица, беа презакажани за месец октомври. -И покрај студеното време концертите поминаа во убава атмосфера, а публиката уживаше во најголемите хитови на изведувачите. На вториот фестивалски ден вечерва ќе настапат македонските бендови Љубојна, Ареа и Нокаут, информираа од Културно-информативниот центар „Романса", изјавија организаторите. Во рамки на манифестацијата има и спортски дел - велосипедска тура околу Калиманско езеро и ноќна атлетска трка низ улиците на Македонска Каменица. Овие настани ќе се одржат утре. Настанот е во организација на КИЦ „Романса" и Општина Македонска Каменица, со генералниот покровител „Рудник Саса". вс/мч/

Остани поврзан