• сабота, 23 ноември 2024

Заврши осветлувањето, оградување и мапирање на археолошкиот локалитет „Баргала“

Заврши осветлувањето, оградување и мапирање на археолошкиот локалитет „Баргала“

Карбинци, 21 ноември 2023 (МИА) - Целосно заврши проектот „Оградување, осветлување и мапирање на локалитетот Баргала", кој претставува еден од најрепрезентативните доцноантички и ранохристијански градови во Северна Македонија, информираше денеска градоначалникот на Општина карбинци, Виктор Паунов. Тој посочи дека со осветлувањето и оградувањето ќе се добие посигурен објект, кој ќе биде и заштитетен.

-Покрај ова се поставени и табли за мапирање, за означување на важните елементи во самиот локалитет, со тоа што локалитетот „Баргала“ ќе се најде и на туристичката мапа, токму овде во Општина Карбинци, со што ќе можеме да понудиме на посетителите можност да го посетат. Со тоа што и во вечерните часови ќе биде атрактивен за посета на туристите, затоа што е целосно осветлен тој потег на локалитетот „Баргала“, вели Паунов.

Забележа дека проектот е важен, затоа што во руралните општини се позапоставени инвестирањата во туризмот, културата, историјата и археологијата.

-Вредноста на овој проект изнесува 6.500.000 денари, средствата се обезбедени заедно со Центарот за развој на Источно планскиот регион, односно министерството за локална самоуправа и дел кофинансирање од Општина Карбинци, рече Паунов.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Паунов истакна дека  ваквите проекти што се поврзани со историјата на нашата татковина се од огромно значење, бидејќи и тие ќе станат дел од историјата. вдј/дма/

Фото: Општина Карбинци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан