• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Заврши обдукцијата на сите починати лица од пожарот во Кочани

Заврши обдукцијата на сите починати лица од пожарот во Кочани

Скопје, 18 март 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека се идентификувани и е завршена обдукцијата на сите 59 починати лица од трагичниот настан во Кочани. При пожарот, како што посочи, со повреди се здобиле 196 лица, од кои 20 се деца.

-Во однос на 59 починати лица, сакам да истакнам дека сите се идентификувани, и на 18.03.2025 година е завршена обдукцијата за сите. При пожарот, со повреди се здобиле 196 лица, од кои 20 деца, рече Тошковски на денешната прес-конференција.

Тој информира дека во моментот 93 повредени се на лекување во скопските болници, а 80 се транспортирани во странство и тоа Србија, Бугарија, Турција, Грција, Австрија, Литванија, Словенија, Унгарија и Хрватска. бт/ац/

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан