• среда, 13 ноември 2024

Заврши манифестацијата Денови на спорт на младите“ во Илинден

Заврши манифестацијата Денови на спорт на младите“ во Илинден
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - Општина Илинден соопшти дека заврши спортската манифестација „Денови на спорт на младите“ одржана во изминатите два дена на кои се натпреваруваа ученици од основните општински училишта во Илинден, како и ученици од средното општинско стручно училиште „Илинден“. - Според програмата се одиграа финални општински натпревари на основните училишта во футсал, ракомет и одбојка во машка и женска категорија, турнир во баскет за ученици од СОСУ „Илинден“, елементарни штафетни игри за ученици од одделенска настава, информираат од општинската прес-служба. Според соопштението, на финалните натпревари во футсал во женска категорија првото место е освоено од ООУ „Ристо Крле“ од Кадино а второто место го освоиле учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Миладиновци. Во машка категорија во футсал првото место го добило ООУ „Гоце Делчев“, а второто место ООУ „Браќа Миладиновци“. Во натпреварите во одбојка во женска категорија првото место го освоиле од ООУ „Гоце Делчев“, второ место ООУ „Ристо Крле“, додека во машка категорија на прво место е ООУ „Ристо Крле“, а второ место ООУ „Браќа Миладиновци“. На натпреварите во ракомет во женска категорија првото место го има освоено ООУ „Ристо Крле“, додека второто место место му припаднало на ООУ „Гоце Делчев“. Во машка категорија на прво место еООУ „Гоце Делчев“, а второ место ООУ „Браќа Миладиновци“. Од општината информираат дека одржани се и елементарни штафетни игри за учениците од второ до петто одделение на кои учествувале околу стотина учесници, како и натпревари во кошарка на кои се натпреварувале учениците од СОСУ „Илинден“. сх/сп/

Остани поврзан