• петок, 27 декември 2024

Заврши конкурсот за седмото издание на поетскиот фестивал „Литературни искри”

Заврши конкурсот за седмото издание на поетскиот фестивал „Литературни искри”
Гостивар, 2 април 2020 (МИА) - Конкурсот за пријавување за седмото издание на Меѓународниот Поетски Фестивал „Литературни Искри“ заврши и наскоро ќе почне селекцијата, информира организацискиот одбор на фестивалот. Конкурсот беше отворен речиси еден ипол месец и од 18 февруари пристигнаа пријави од 190 автори, од кои 175 ги исполнуваат условите од конкурсот. - Како и претходна година, така и оваа година најголем број на пријавени автори се од нашата земја, но радува фактот дека на овогодинешниот конкурс значително е зголемен интересот за учество на авторите од балканските земји. Па така имаме пријавени поети од Србија, Босна Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Бугарија и Република Српска. Одѕивот зборува доволно за препознавањето на уникатноста и квалитетот на фестивалот и дека е надмината бројката на пријавени од минатата година, рече координаторот на фестивалот Слаѓана Брезоска. Со оглед на актуелната ситуација со пандемијата, организаторите ќе ги следат насоките и дополнително ќе се определи неговото одржување кое традиционално се одржува во пресрет на празникот 24 мај, денот на Св. „Кирил и Методиј“. Составот на тричлената жири комисија ќе биде објавен откако ќе се извршат оценувањата, заедно со резултатите до крајот на април. По оценувањето на пристигнатите творби ќе биде објавено кои од поетите ќе влезат во финалето и ќе бидат номинирани за награди и застапени во заедничката поетска збирка, подвлече Брезовска. Меѓународниот поетски фестивал „Литературни Искри” се одржува во чест на Денот на сéсловенските просветители Кирил и Методиј - 24 Мај.згм/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан