Заврши изградба на локален пат во село Младо Нагоричане
- Заврши изградбата на локалниот пат во село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, соопштија денеска надлежните.
Куманово, 15 ноември 2024 (МИА) - Заврши изградбата на локалниот пат во село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, соопштија денеска надлежните.
- Завршена е изградбата на локалниот пат во маала Мариевци во село Младо Нагоричане. Очекуваме подобра поврзаност на жителите од ова село, како и поврзување со патните правци во нашата општина и со сосдените, изјави заменик градоначалникот на Старо Нагоричане, Бобан Цветановски.
Владата претходната година одвои средства за изграба на патишта, меѓу нив и за патиштата во маалите Бузинци и Мариевци во село Младо Нагоричане и изградба на пат до Коинце.
Според податоците од последниот попис во Старо Нагоричане има 3.051 жител во 39 населени места.
Општината, сместена во североисточниот дел од земјава, иако мала по број на жители е една од најпривлечните за странските туристи, бидејќи светски е позната по археолошките наоѓалишта, културно-историските објекти, цркви, манастири, природни реткости и раритети. ам/дма/
Фото: Општина Старо Нагоричане