• сабота, 23 ноември 2024

Заврши изградбата на потпорниот ѕид на патот од Тетово кон Бањиче

Заврши изградбата на потпорниот ѕид на патот од Тетово кон Бањиче

Тетово, 7 октомври 2024 (МИА) - Заврши изградбата на потпорниот ѕид на патот од Тетово кон месноста Бањиче, изграден во рамки на проектот „Подобрување на отпорноста на поплавите во полошкиот регион“ за да се спречи повеќегодишната појава на ерозија на земјиштето, како и затрупување на коловозните ленти и пешачката патека. Промоција на завршувањето на овој заштитен ѕид како и мурал извршија градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, заедно со амбасадорот на Програмата за развој при Обединетите Нации (УНДП), Армен Григоријан.

- Граѓаните кои поминуваат кон Бањиче ќе бидат побезбедни и ќе имаат убав видик на овој дел од патот. Работиме со амбасадорот и на другите проекти за да имаме побезбеден град, за да Шар Планина да не биде наша опасност туку наша убавина. Со сите проекти кои сме ги реализирале и ќе ги реализираме во иднина со УНДП уверуваме дека сите реки и речни корита во подножјето на Шар Планина ќе бидат побезбедни и ќе може да уживаме во овие убавини, рече Биљал Касами.

Потпорниот ѕид почна да се гради во октомври 2023 година во рамки на проектот „Подобрување на отпорноста на поплавите во полошкиот регион“, финансиран од Швајцарија, а во имплементација на УНДП. Предвидени се серија на помали проекти во Полошкиот регион со цел спречување на поплави со уредување на повеќе речни корита во регионот. Овој заштитен ѕид беше украсен со мурал.

- Секоја година Обединетите Нации го одбележуваат денот посветен на ризикот од катастрофи којшто се одбележува секоја година 13 октомври. Оваа во фокусот на одбележувањето на овој ден ги ставаме младите. Сметавме дека е важно да ги вклучиме младите од Тетово за развивање на оваа идеја и конкретна реализација на овој мурал. Сметаме дека намалувањето на ризикот од катастрофи е нешто коешто е важно за сите и сите треба да бидат вклучени. Токму затоа ние ги обединивме сите заедно градот Тетово, волонтерите, невладините организации и учениците, за да ја реализираме оваа идеја. Среќен сум што го имаме овој настан и што имаме вклученост на младите затоа што ова е пред сè за нив, изјави амбасадорот Армен Григоријан

Потпорниот ѕид е со должина од 120 метри, ширина од 40 до 70 сантиметри и височина од пет метри. Патот и патеката долж реката Пена до месноста Бањиче се користи од тетовци за пешачење, велосипедизам и трчање. ас/мч/

фото: МИА 

Остани поврзан