• четврток, 26 декември 2024

Заврши изградбата на пешачките конзоли од плоштадот „Слобода“ до хотелот „Оаза“ во Штип

Заврши изградбата на пешачките конзоли од плоштадот „Слобода“ до хотелот „Оаза“ во Штип

Штип, 20 декември 2023 (МИА) - Заврши изградбата на пешачките конзоли на река Отиња на потегот од хотелот „Оаза“ до градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој посочи дека со денешното асфалтирање на проширената улица на овој потег се завршува и изградбата на конзолите на реката Отиња на овој дел од градот, на улиците кои се на двете страни на реката.

-Најавувам дека следна фаза, веднаш по празниците ќе се започне со активности со изградба на конзоли на улицата „Васил Главинов“ на потегот од Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“ до зградата на судот. Паралелно со ова ќе се започне и со активност изградба на турбо кружен тек пред паркот Кртеќе, односно пред зградата „Порта Пролет“, вели Јорданов.

За реализација на овој проект Општина Штип од буџетот ќе издвои 22 милиони денари, од кои 12 милиони денари се за конзолите, а за турбо кружниот тек предвидени се 10 милиони денари. Тој додаде дека со ова драстично ќе се промени изгледот во централното градско подрачје, но и ќе се овозможи измени во сообраќајниот режим, повеќе паркинг места и решавање со сообраќајниот хаос во центарот на Штип. Јорданов рече дека наредната година завршува комплетната изградба на пешачките конзоли на река Отиња на улиците „Васил Главинов“ и „Маршал Тито“. вдј/ир

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан