• четврток, 26 декември 2024

Заврши изградбата на кружниот тек во Чаир

Заврши изградбата на кружниот тек во Чаир
Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) - Вчера и официјално заврши техничкиот прием и означување на кружниот тек што се наоѓа во Чаир на улицата „Кемал Сејфула“. Како што соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој го посети кружниот тек, изградбата траеше изминативе неколку месеци, а вредноста е 20 милиони денари. -Станува збор за инвестиција која ќе овозможи на граѓаните од овој дел на градот поголема безбедност во сообраќајот имајќи предвид дека во непосредна близина на овој кружен тек се наоѓа основното училиште „Петар Здравковски Пенко“, средното училиште „Арсени Јаков“ и поликилината Чаир, што самата оваа поранешна раскрсница, а сега кружен тек, го правеше сериозно и прометен и небезбеден за граѓаните, рече Шилегов. Тој додаде и дека на ова место во целост е изведена и велосипедска патека со цел овозможување на алтернативниот сообраќај, која во текот на сезоната ќе се продолжи и по улицата „Кемал Сејфула“, со цел алтернативно приклучување на овој дел од градот во вело системот на Град Скопје. Според Шилегов, инвестирањето на северниот дел од градот во инфраструктурата е многу важен за развојот на самиот град, и за обезбедување соодветни услови за живот на граѓаните. -На неколку наврати сериозно кажувам дека инвестирањето во северниот дел од градот во инфраструктурата е многу важен за развојот на самиот град од причина што овде треба да овозможиме соодветни услови за граѓаните, меѓутоа треба да го овозможиме и идниот развој. Рамномерното развивање на градот е еден од императивите кои што јас ги имам како градоначалник со цел подобрување на квалитетот на инфраструктурата. Веќе можеме да зборуваме за поврзување на општините Карпош, Чаир, Бутел и Центар на еден сосема поинаков и поквалитетен начин, додаде Шилегов. Прашан до каде е проектот за тунелите под Кале, градоначалникот кажа оти има доцнење од страна на изведувачот заради настанатата криза, но очекува тоа да се заврши до крајот на октомври. -Имаме доцнење од страна на изведувачот заради светската пандемија на коронавиросот. Таму е избрана турска фирма која заради рестрикции во патувањата кои што постојат, експертите кои се предвидени и беа ангажирани не можат да дојдат и до крај да ги завршат гео механичките истражувања на самиот рид. Тој процес во текот на минатиот месец е надминат бидејќи турскиот партнер одбра домашна фирма која ќе ги изврши тие истражувања, да ги даде податоците со цел да биде дизајниран проектот. Моите очекувања се дека тоа би требало да биде завршено ако не до крај на летово, некаде до октомври месец да го имаме конечно документот. Со изградба на тунелите ќе се создаде сериозна врска од Водно до Скопска Црна Гора по булеварско решение, рече Шилегов.бт/са/ https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/872035759972316/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан