• недела, 05 јануари 2025

Заврши заложничката криза во француски затвор; сторителот се предал на полицијата

Заврши заложничката криза во француски затвор; сторителот се предал на полицијата

Париз, 3 јануари 2025 (МИА) - Заложничката криза во затворот во Арл, Јужна Франција, заврши без повредени, откако затвореник кој зеде пет лица за заложници во медицинскиот сектор се предал, соопшти полицијата.

„Сторителот се предаде. Нема повредени“, соопштија од полициската префектура во департманот Буш-д-Рон, каде што е лоциран градот Арл.

„Сторителот од затворот во Арл штотуку беше уапсен. Нема повредени. Благодарност до тимовите на затворската администрација и специјалното антитерористичко и кризно одделение RAID за нивната интервенција“, напиша министерот за правда Жерал Дарманен на платформата „Икс“.

Околу 11 часот по локално време (12 часот по средноевропско време), затвореник вооружен со импровизирана секира, кој имал „сериозни психијатриски проблеми“, зеде четворица медицински работници и еден чувар за заложници. По два часа, ослободи еден од заложниците.

Според властите, 37-годишниот затвореник бил осуден за силување, со казна што истекува во 2031 година. Извор запознаен со случајот изјавил дека сторителот барал да биде преместен во друг затвор. Мажот не бил поврзан со тероризам. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан