• недела, 24 ноември 2024

Заврши „Европската фудбалска недела 2022“ на Специјална олимпијада Македонија

Заврши „Европската фудбалска недела 2022“ на Специјална олимпијада Македонија
Скопје, 29 мај 2022 (МИА) - На фудбалскиот терен на Вардар во Скопје во присуство на повеќе од 70 атлети и 40 тренери, волонтери и членови на семејствата од Скопје, Тетово, Штип и Струмица викендов заврши одбележувањето на Европска фудбалска недела на Специјална олимпијада Македонија, која се одбележува по 22 пат на ниво на Европа. Европската фудбалска недела 2022 е иницијатива на Специјална олимпијада, која по две години пауза поради Ковид пандемијата, повторно ги врати атлетите на терен, во својот традиционален термин во мај, со цел да го искусат задоволството на фудбалот и инклузивното спортување. - Подавање на фудбалската топка, голови, гласно навивање и радост на терен ја карактеризираат оваа Европска фудбалска недела на Специјална олимпијада Македонија. По две години пауза, успеавме да ги вратиме нашите атлети на активен спорт, и со нив и фудбалерите на ФК Вардар да ја прикажеме моќта на Јунифајд фудбалот и спортувањето. Благодарност до сите поддржувачи кои ни овозможуваат да ги реализираме активностите на Специјална олимпијада Македонија во континуитет, вели Драган Караџовски, национален директор на Специјална олимпијада Македонија. Покрај полигонот и фудбалските мечеви меѓу атлетите на фудбалерите на ФК Вардар, во рамки на Европската фудбалска недела беше одржана и работилница за Јунифајд концепт на спортување кој е една од алатките за социјалната инклузија. Според истражувањето кое беше спроведено меѓу присутните на работилницата, во организациите и клубовите каде тие работат може да се спроведе Јунифајд спорт, во кошарка, фудбал, пливање и атлетика. Реализацијата на активностите на Специјална олимпијада Макеоднија е поддржана со институционален грант на Цивика Мобилитас. зс/

Остани поврзан