• среда, 25 декември 2024

Заврши двонеделната празнична програма на Плоштадот „Македонија“

Заврши двонеделната празнична програма на Плоштадот „Македонија“

Скопје, 8 јануари 2024 (МИА) - Празничната програма на Плоштадот „Македонија“ во Скопје заврши вчера, со музичките изведби на македонските изведувачи Sarah Mace & The Christmas Girls, Фиц D’invisibles и Некст тајм, како и во друштво на водителите Димитар Атанасовски и Ненад Ѓорѓиевски, кои ја забавуваа публиката.

Граѓаните на Скопје во изминатите две недели, почнувајќи од 25 декември па сѐ до вчеравечер, имаа можност да проследат низа концертни изведби на македонски артисти и да се забавуваат со наши добро познати водители. 

Целата програма беше во организација на Комората на музичка индустрија, која во соработка со Град Скопје и со спонзорство на Дајмонд Мол, Телеком, Тинекс и Пелистерка подготвија празнична атмосфера во која граѓаните уживаа. ра/нд/

Остани поврзан