• среда, 25 декември 2024

Заврши гласањето на изборите во Србија, се очекува висока излезност од 59,7 отсто, почна броењето на гласовите

Заврши гласањето на изборите во Србија, се очекува висока излезност од 59,7 отсто, почна броењето на гласовите
Белград, 3 април 2022 (МИА) – Во 20 часот заврши гласањето на претседателските, парламентарните и градските избори за Белград и 12 други градови во Србија, на кои според аналитичарите се очекува висока излезност од 59,7 отсто гласачи. Според ЦРТА до 19 часот излезноста е 55,1 отсто, а според Ипсос 54,6 отсто, што е многу поголема излезност во споредба со сите избори во последните шест години, јави дописникот на МИА од Белград. РИК прогласи крај на гласањето и го отпочна процесот на броење на гласовите, а со официјални резултати ќе се јави утре до 20 часот. Дилемата дали лидерот на СНС Александар Вучиќ ќе победи на претседателските избори уште во првиот круг, како и победата на Српската напредна странка (СНС) на парламентарните избори, колку пратници ќе освои опозицијата, особено коалицијатата Обединета Србија која ја сочинуваат-Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас, Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ, Демократската партија (ДС) на Зоран Лутовац, Движењето на слободни граѓани (ПСГ) Павле Грбовиќ и кои се партии ќе го надминат изборниот цензус од 3 отсто, неофицијално ќе се дознае уште вечерва од закажаните прес конференции на 19- коалиции и партии. Интересно ќе биде и исходот од гласањето во Белград, каде опозицијата очекуваше победа и дали кандидатот со македонско потекло Тома Фила ќе биде новиот градоначалник на Белград. Врз основа на информациите добиени од набљудувачите, Цесид во периодот од 13 до 17 часот забележа повеќе процедурални нерегуларности кои се однесуваат на вметнување гласачки ливчиња во погрешни кутии, непочитување на чекори при спроведување на изборите, неприменувањето на спреј, непроверување на идентитетот на гласачите и грешки при потпишување изводи од избирачки списоци, фотографирање гласачки ливчиња, семејното гласање и помали инциденти и вербални конфликти. Организацијата ЦРТА соопшти дека веќе во првиот дел од изборниот ден, набљудувачите забележале повеќе случаи на физичко и вербално насилство на избирачките места и во нивната околина, а велат дека биле информирани и за голем број други насилни инциденти. РИК потврди дека во Земун е дојдено до физички напад врл лидерот на опозициското Движење на слободни граѓани, Павле Грбовиќ, како и на еден пратеник на владејачката СНС во Чачак и на член на движењето „Да не го давиме Белград“, како и на кршење на гласачка кутија во Сурдулица. об/паг/

Остани поврзан