• петок, 27 декември 2024

Заврши Битолско културно лето „Битфест“

Заврши Битолско културно лето „Битфест“
Битола, 4 септември 2022 (МИА) - Со концерт за паметење кој го приредија членовите на групата „Меморија“, синоќа во Битола заврши битолското кулурно лето „Битфест“. Во изминатите два и пол месеци на повеќе летни сцени во Битола се одржаа концерти на класична, поп, рок, џез-музика, театарски претстави, ликовни изложби, уметнички перформанси, фестивали… - Граѓаните дадоа поддршка на сите манифестации, на 140 настани со повеќе од 44.000 посетители, 77 денови, 9 фестивали…Почнавме спектакуларно со Каролина Гочева, фасцинантно завршивме со „Меморија“, групата на нашата младост, групата која ја возвишува македонската рок-музика, истакна градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на последната фестивалска вечер што се одржа на ракометното игралиште. За време на сите фестивалски денови, во Битола гостуваа уметници и културни работници од Израел, Полска, Чешка, Швајцарија, Турција, Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија, Полска, Црна Гора, Албанија, Франција… мт/рп/

Остани поврзан