• петок, 27 декември 2024

Заврши амандманската расправа за Предлог-Деловникот на Собранието

Заврши амандманската расправа за Предлог-Деловникот на Собранието

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) - Членовите на Комисијата за деловнички и мандатно - имунитетни прашања синоќа ја завршија амандманската расправа за Предлог - Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија.

Според информациите од Собранието, прифатени се околу 12 амандмани од 1965 колку што поднесоа пратеничките групи и Левица. Предлог-Деловникот се очекува да биде ставен на дневен ред на новата седница закажана за 20 ноември. 

Предлагач на Предлог-Деловникот е претседателот на Собранието Талат Џафери, а тој е резултат на неколкугодишни разговори помеѓу пратеничките групи од минатиот и овој перламентарен состав во рамки на „Жан Моне“ процесот. ев/ац/  

 

Остани поврзан