• недела, 24 ноември 2024

Завршија 59. Рацинови средби во Велес

Завршија 59. Рацинови средби во Велес
Велес, 16 јуни 2022(МИА) - На сцената во амфитетарот на Младинскиот парк вчера во Велес се одржа Поетски митинг со 15-тина учесници од земјава и балканските земји, а сосема за крај и спектакуларен концерт на групата „Некст тајм“, кој го проследија голем број велешани, со што заврши програмата и беа затворени годинашните 59. Рацинови средби. Во рамките на вчерашната свеченост се одржа и Поетско-драмски перформанс, а беа доделени и благодарници. На програмата членови на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености „Сите сме исти“ ги претставија своите пишани творби поезија и проза. Беа промовирани и дела од велешки автори и „Вина инспирирани од делата на Рацин“. Воедно, традиционално беше посетена и Спомен-куќата на Рацин, каде имаше читање поезија и музичко-сценска програма, а се одржа и дебата на тема „Македонскиот јазик и култура - предизвици и перспективи“, со еминентни професори и експерти за македонскиот литературен јазик од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје. ад/свс/

Остани поврзан