• сабота, 23 ноември 2024

Завршија судирите на авганистанско-пакистанската граница

Завршија судирите на авганистанско-пакистанската граница

Исламабад, 19 март 2024 (МИА) - Судирите долж границата меѓу Авганистан и Пакистан, предизвикани од смртоносни воздушни напади на воздухопловните сили на Исламабад во источен Авганистан завршија, соопштија денеска пакистанската полиција и владата на Талибанците.

-Пукањето престана, ситуацијата е мирна, изјави портпаролот на талибанската влада, Забиула Муџахид.

Според информациите од Кабул, Пакистан вчераутро извршил воздушни напади во две погранични провинции на Авганистан, во кои загинале осум цивили - жени и деца.

Нападите предизвикаа одговор од Авганистан со оган од „тешко оружје“ врз пакистанските воени цели во пограничната област, на кои силите на Исламабад потоа возвратија.

Талибанската влада му се закани на својот сосед со „последици кои Пакистан нема да може да ги контролира“.

-Денеска владее тишина долж границата и безбедносните сили ги зајакнаа своите позиции, потврди висок полициски функционер од северозападен Пакистан.

Сериозната ескалација на тензиите меѓу двете соседни земји ги поттикна САД да го повикаат Пакистан на „воздржаност“ и талибанците да ги контролираат милитантите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан