• недела, 24 ноември 2024

Завршија градежните работи на мостот 4 на патот Чашка - Лисиче

Завршија градежните работи на мостот 4 на патот Чашка - Лисиче

Велес, 23 јули 2020 (МИА) - Заврши санацијата на мостот 4 над реката Тополка на патот Чашка - Лисиче, што општина Чашка ја изведуваше од 18 март до 17 јули годинава во вредност од 8 милиони денари обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта.

Како што информира градоначалникот на општината, Горан Стојановски, мостот изграден над река Тополка претставува армирано-бетонска конструкција на еден распон со должина од 9,8 метри. Со реконструкцијата на мостот ширината на асфалтниот коловоз изнесува 6 метри.

- Со санацијата под асфалтниот коловоз изведена е нова армирано бетонска плоча, како и парапетни греди на кои е поставена заштитна одбојна ограда по EN-стандадри. Реконструирани се комплетно двата крајни столба и армирано бетонските крила и нивните темели, појасни Стојановски.

Потенцира дека како градоначалник на Општина Чашка, нивен приоритет е пред се безбедноста на сите граѓани. Стојановски најави дека ваквите градежни активости продолжуваат и во наредните месеци.ад/бт/

Остани поврзан