• четврток, 26 декември 2024

Завршен настан на ABOVE проектот Интеррег - ИПА ЦБЦ  Грција – Северна Македонија

Завршен настан на ABOVE  проектот Интеррег - ИПА ЦБЦ  Грција – Северна Македонија

Битола, 30 ноември 2023 (МИА) - Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Северна Македонија денеска во Битола организира завршен настан на проектот Интеррег - ИПА ЦБЦ  Грција – Република Северна Македонија  2014-2020.

На свечената конференција, како што е најавено, ќе се обратат директрот на Агенцијата Љупчо Јаневски, како и претставникот на проектот од Република Грција Анѓело Ставридис и градоначалниците на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески и на Општина Крушево, Томе Христоски.

Настнот, како што е најавено, има за цел да се сподели успешната соработка значајна за развој на туризмот во руралните средини.

Програмата Интеррег ИПА ЦБЦ „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 година“ е програма за прекугранична соработка кофинансирана од Европската унија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II). Вкупниот буџет на Програмата за периодот 2014-2020 година е 45.470.066 евра.

ABOVE е проект кој има за цел да сними повеќе локации во Република Северна Македонија и Република Грција од птичја перспектива со користење на дрон технологија. Како што е најавени, во рамки на проектот ќе бидат снимени од регионите на Вардар до Галичица, езера, реки и водопади преку кој ќе бидат прикажани гранични природни и географски обележја на начин на кој досега истите не се посетени. За подобра имплементација на овој проект ќе се одржат тренинг курсеви за туристички водичи со цел да се овозможи развој на туризмот а со тоа и понатамошно отварање на нови работни места. аа/са/

Остани поврзан